Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере и оваа година ќе допатува во Охрид за Водици и ќе се влезе во осветените води на Охридското Езеро.
Како што и најави пред заминувањето од Македонија дека секогаш кога е во можност повторно ќе се враќа во Охрид, ирецот Фуере и оваа година како и минатата ќе учествува во традиционалното зимско капење на рибарите, кога во езерото се фрлаат бурињата со вино.
Во Охрид привршуваат подготовките за големиот версконароден собор по повод утрешниот празникот Богојавление.
Охридските нуркачи го расчистуваат дното на езерото на потегот каде ќе се фрла Светиот крст со цел спречување на евентуални повреди на капачите, а екипи на „Охридски комуналец“ интензивно го чистат и уредуваат градот, во пресрет на очекуваните гости од внатрешноста и од странство.
За Денот на рибарите е предвидена богата културно-забавна програма, со греано вино, топла ракија, пржени плашици и три буриња вино за највештите пливачи кои ќе влезат во езерото.
Со 3,3 тона рибна чорба, приготвена од 750 килограми риба, Охрид ќе се обиде да се впише во Гинисовата книга на рекорди.
Во Охрид се повеќе се збогатуваат содржините поврзани со Богоајвленските празници, се преземаат најразлични активности во насока на уште поголемо омасовување на верско-народниот собор и негово претворање во најмасовна верска манифестација во православниот свет