Умрела чекајќи орган – по смртта спасила 3 животи донирајќи ги органите


sara-jpg500Сара девет месеци била на листа на чекање за двете белодробни крила. Секој ден живеела со надеж дека ќе и заѕвони телефонот и дека ќе и соопштат дека и пронашле донатор. 

Иако храбро се борела, учестувала и на маратони за да се соберат пари за лекување на други луѓе, нејзината здравствената состојба и била се полоша.

На крајот не можела да стане од постела и е префрлена во болница каде кон крајот на септември починала.

Тогаш нејзиниот сопруг открил дека неговата жена би сакала да не ја одржуваат во живот на апарати и дека сакала да ги поклони своите органи.

1-sara-jpg500Нејзините два бубрега се донирани на две млади жени кои биле неколку години на дијализа, а црниот дроб на 50 годишен маж.

Нејзиното семејство сака да се чуе нејзината приказна како би се подигнала свеста за донирање органи во светот.

Во Англија минатата година се направени само 138 трансплантации, додека годишно се прават близу 2.000 илјади трансплантации на бубрези.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1