Груевски: Во Собранието никој не беше тепан


Во Собранието никој не беше тепан, а собраниското обезбедување реагираше според деловникот и законите. Вака премиерот Никола Груевски ги коментираше случувањата во Собранието кои се случија кон крајот на декември, во емисијата на Миленко Неделковски во која премиерот гостуваше вчера.

gruevski_pismo_nato_g-copy2-630x472-И Стојан Андов своевремено отстрани пратеник од Собранието кој ја кочи работата на Законодавниот дом. Тоа го предвидува деловникот. Претседател на Собранието може да побара засилување на обезбедувањето. Трајко Вељаноски кога побара од МВР засилување постапи правилно. Кога се увиде дека пратениците на СДСМ нема да прекинат да го блокираат Собранието, мораше да се реагира. Еден од нив седна на столчето на Вељаноски, се кршеа чаши, микрофони, се кинеа кабли…Обезбедувањето пристапи по член 93 и ги отстрани пратениците кои го бојкотираа Собранието. Никој не беше тепан, а тоа јасно го забележаа безбедносните камери, рече премиерот.

Одговорноста е кај оној кој на сила сакаше да влезе во Собранието и во него и надвор со газење на безбедносните служби кои го штитеа Собранието. Некој најде начин да не излезе на локални, па реши на сила да го заземе Собранието и вештачки да создаде криза, заклучи премиерот.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1