Балетска мафија: Му фрлиле киселина во лице на Директорот на Бољшој


Додека на паркинг влегувал во автомобил бил нападнат директорот на познатиот Бољшој театар, 36-годишниот Сергеј Филин

sergej-filinДвајца мажи му фрлиле киселина в лице. Причина за нападот, најверојатно, е кавга за улоги во театарот. Катерина Новакова, портпарол на театарот изјавила дека причина за нападот може да биде немилосрдната војна за улоги, и директорот најваројатно станал жртва на внатрешни судири и пресметки меѓу различни групи танчери и менаџери во Бољшој. Додека неговиот претходник вели дека зад нападот стојат криминални структури односно таканаречена тапкарошка мафија.

Пријателката на Филин изјавила во полиција дека тој добивал закани од март 2011 година, кога бил именуван за уметнички директор на Бољшој.

Медиумите информираат дека Филин веќе бил мета на телефонски повици и закани, а ден пред нападот му биле дупнати гумите на автомобилот.

Некои руски медиуми тврдат дека поради сериозните повреди Филин веќе го изгубил видот и дека нема да може да зборува најмалку две недели, како и дека ќе му требаат најмалку шест недели за целосно да закрепне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1