Грк измамил британски банки за 750 милиони британски фунти


Британски суд осуди наследник на грчки бродосопственик на седум години затвор заради измами во Велика Британија за 750 милиони британски фунти. 
covek pariПарите биле исплаќани од Елајд Ајриш Бенкс (Allied Irish Banks) и Бенк оф Скотланд (Benk of Scotland).
Ахилеас Калакис (44) е наследник на бродосопственикот Панделис Калакис и во измамите работел заедно со британскиот соучесник Александар Вилијамс, објави „Та неа“.
Двајцата успеале да измамат редица банки на Островот кои им давале оргромни суми пари.

Вилијамс е осуден на пет години затвор за фалсификување документи. Двајцата се познаваат од студентски денови и заедно успеале да добијат вкупно 900 милиони фунти од британски банки со фалсификувани документи.
Со парите купуваат 16 имоти во Велика Британија и ферибот. Заради измамите повеќепати си ги смениле имињата. Британски суд исто така призна дека и банките се виновни бидејќи не направиле потребни проверки пред да им дадат пари.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1