СВР Скопје расветли 25 кривични дела „тешка кражба во патничко моторно возило“ од кои четири во обид и поради основано сомнение дека се можни сторители ги приведе А. П. (62) од село Смилковци, А.М. (20) и М.И. (20), од село Булачани.
Осомничените на подрачјето на населбите Аеродром и Ново Лисиче од патнички возила, мопеди и скутери одземале акумулатори, радио-касетофони, алат, зимска опрема, противпожарни апарати, резервни тркала и други предмети.
Од извршениот разговор е констатирано дека трите приведени лица користејќи автомобил „Југо“ во вечерните часови во населбите Ново Лисиче и Аеродром со штрафцигер насилно отварале возачки врати од возила, (најчесто од типот „Југо“ и „Застава 101“).
Ја отварале хаубата и од просторот кај моторот ги одземале акумулаторите со демонтирање и со сечење на каблите, а од кабината на возилото ги одземале радио- касетофоните. Од багажникот одземале, алат и ланци за снег, противпожарни апарати и други предмети. Исто така, од повеќе мопеди и скутери одзеле акумулатори и други делови.
По преземање на мерки со цел утврдување на оштетени лица извршено е препознавање на предмети. Против тројцата осомничени ќе биде поднесена кривична пријава