Пералните на пари се во голема паника


Еден од главните тајкунски центри за финансиски криминал мора да ги даде сите податоци за компаниите.


kajmanska-ostrva-panika-peraci-para-srpski-biznismeni-1358635769-255833Кајманските острови познати како главен меѓународен центар за избегнување на даноци, ќе ја прекинат повеќегодишната пракса за тајноста на податоците за илјада компании, кои се наоѓаат на тоа место.

Сите фирми на овој остров, повеќе нема да можат да ги кријат своите финансиски извештаи и ќе се прекине неплаќањето на данок на матичните држави.

Приватизација
Ова ќе биде проблем за голем број на бизнисмени кои се криеле зад компаниите од Кајманските острови во моментот кога купувале и превземале фирми.
„Ова ќе им ја олесни работата на сите истражни органи во матичните земји, сега без проблем да доаѓаат до информациите.
Сега речиси е невозможно да им се влезе во трага на фирмите без меѓународна помош, која се движи прилично бавно, поготово доколку земја слично како оваа ги крие податоците.
Аналитичарот Александар Стевановиќ од Србија вели дека на овој начин фирмите од Кајманските острови ќе изгубат голем број на клиенти, но голем дел од српските тајкуни кои таму веќе со години ги чуваат парите, можат лесно да се снајдат.

„Кога ќе се укине тајноста, голем број на клиенти ќе си заминат. Повеќето од нив токму поради тајноста на податоците имаат развиено свои бизниси на тоа место. Доколку некој од Србија вложувал пари, мислам дека набрзо ќе се снајде и ќе ги префрли парите на некоја друга офшор дестинација, односно на друго место на кое што не се плаќа данок“, вели Стефановиќ.
И Обама има доста помогнато за промените

На одлука на регулаторната агенција CIMA од Кајганските острови, во голем дел влијаел и американскиот претседател Барак Обама, кој во повеќе наврати, Џорџтаун, главниот град на оваа земја, го нарекувал место на најголемите финансиски измами во историјата.
Предлогот на агенцијата CIMA, која ги објавила плановите на основање на јавна база на податоци за фондовите, го содржи и името на директорот, кој ќе мора да ги мине сите проневери за да ја добие потврда дали фирмите се квалификувани за понатамошно управување.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1