Видео: Келнер одбил да послужи гости – не сакале да седат до дете со Даунов синдром


Келнер во еден ресторан во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, одбил да ги послужи гостите кои не сакале да седнат на маса пкрај момче што боледува од Даунов синдром и така ги добил симпатиите на останатите гости. konobar
Келнерот со име Мајкл Гарсија во ресторанот Лаурензо работи повеќе од две години и е меѓу омилените на многумина по постојаните гости. Во средата навечер во сресторанот дошло семејството Кастиљо со петгодишниот син Мило кој има Даунов синдром. Пристигнала уште една група на луѓе и биле сместени до масата покрас семејството Кастиљо.
Не долго после тоа тие побарале да бидат преместени. Гарсија направил како што побаралем а потоа слушнал маж кој вели:
0079007.74„Децата со посебни потреби треба да бидат некаде на друго место“.
Иако се плашел дека би можел да ја изгуби работата, вели, не можел да се воздржи.
„Беше тоа вознемирувачко. Чувствата ми проработеа. Им реков дека ми е жал, но не можам да ги послужам“, раскажал Кастиљо, а пренесува Daily Mail.

„Како сте можеле тоа да го кажете за прекрасен петгодишен ангел“, му рекол Гарсија на мажот.
Ким Кастиљо, мајка на момчето, ја забележала збрката, но не придавала внимание на тоа, додека еден од колегите на Гарсија не и раскажал што се случило.
„Импресионирана сум од тоа што Мајкл го одбранил Мило. Всушност, тој нас не познава многу добро. Тој тоа го направи само затоа што е правилно“, рекла Ким и додала дека се плашела дека Гарсија ќе ја изгуби работата, но управата на ресторанот застанала покрај својот вработен. Откако веста се раширила, добиле и позитивни коментари на нивната Фејсбук страница.

Share Button
Ана Ношпал

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1