Приватни бебиситери во Македонија – чување деца и дома – усвоен нов Закон


Нов Закон за заштита на децата усвои  Владата на последната седница, за чие креирање се соработувало со УНИЦЕФ. Меѓу новините е тоа што се овозможува домашно правно и физичко лице да основа агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

baby-moneyЛицето што дава услуга за чување  деца треба да исполнува одредени услови, меѓу кои да не е осудуван за кривични дела, да не му е одземено родителското право, да е психофизички здрав.

Законот  овозможува и физички лица да згрижуваат деца во домот на родителите и во сопствениот дом. Предвиедено е со оваа мерка да се стимулираат невработени лица да се вклучат во системот на заштита на децата преку давање на услуга – чување на деца.

Воведена е и законска одредба со која министерството ќе води  регистри кои ќе бидат објавени на веб-порталот на Министерството за труд и социјална политика и заинтересираните лица може да проверат пред да ангажираат одредено лице дали тоа е регистрирано за вршење на овој тип на дејност, односно дали поседува валидна лиценца за вршење на одредени работи во дејноста.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1