Генеретичарот Џорџ Черч (58) од Универзитетот Харвард во САД сака да оживее вид кој изумрел пред 33,000 години и да најде волонтерка која би била мајка на примитивниот човек.
Тој тврди дека може да се реконструира ДНК на човечки предок, но сега бара жена која ќе сака да да го роди бебето на овој примитивен вид.
Професорот има план за вештачкото создавање на неандерталците, врз основа на генетски код пронајден во фосилните остатоци. Потоа така добиената ДНК ќе ја стави во матичните ќелии, а потоа ќе ја инјектира во ќелиите на човечкиот ембрион во раниот стадиум од развојот. Неговата процена е дека матичните клетки ќе го усмерат развојот на ембрионот во правец на неандерталскиот вид, а не кон човечкиот.
Откако ваквиот ембрион ќе помине неколку дена во лабораторијата, професорот би го префрлил во утробата на сурогат мајката, волонтерката. Човекот кој е пионир во синтетичката биологија и кој е заслужен за голем број на откритија поврзано со човечката ДНК, верува дека од неговиот проект, човештвото денеска ќе има голем бенефит.
„Неандерталците можеби размислувале поинаку. Можеби биле поинтелегентни него ние. Кога би се соочиле со некоја смртоносна епидемија на Земјата, нивниот начин на размислување би можел да ни помогне’, изјавил професорот Черч за германските медиуми.
Други научници од целиот свет велат дека планот на професорот теоретски може да се спроведе и покрај тоа што клонирањето на луѓето е законски забрането.
Сепак експертите стравуваат дека неандерталецот може да развие отпорност кон модерните болести за да преживеат, а во тој процес можат да се случат голем број на деформитети. Исто така, големо прашање е дали овој вид би се вклопил во модерниот свет и дали би се свтрил против човештвото.