Шундовски поднесе оставка


Звонко Шундовски денеска преку соопштение до медиумите поднесе оставка од селекторската функција во македонската ракометна федерација.

sundovski– Поднесувам неотповиклива оставка на селекторската функција на ракометната репрезентација на Македонија. Одлуката ја носам исклучиво во интерес на репрезентацијата. Селекторската функција ја прифатив во периодот откако им беше понудена на стратези со поголемо портфолио од моето. Јас верував во оваа генерација. Со селекцијата која ја направив исклучиво со македонски играчи и македонски стручен штаб со која го освоив 5.место на ЕУРО 2012, се вели во образложението на оставката на Шундовски.

Тој нагласува дека селекторската функција ја извршувал за симболичен надомест, со голема љубов и желбата за промоција на државата во Европа и светот.

– Кога се работи за својата земја, не постојат бариери и кочници и ние како репрезентација комплетно вложувајќи се многупати се надминувавме себеси, стои во соопштението од досегашниот македонски селектор.

Шундовски е задоволен од постигнатото во текот на неговиот мандат на клупата на репрезентацијата.

– Горд сум на успесите кои заедно ги направивме, а Македонија ја направивме релевантен фактор во европскиот и светскиот ракомет. На македонската репрезентација во иднина и посакувам многу повеќе успеси и спортски радости, завршува Шундовски.

Дитректен повод за заминувањето на Шундовски од селекторското место е необезбедувањето четвртфинале на Светското првенство кое се одржува во Шпанија.

Mia

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1