Пратеникот на НДП, Изет Зеќири, кој го прекина едномесечен бојкот, наскоро има намера во Собрание да достави измени и дополнувања на Законот за пратеници, со кои ќе бара секој пратеник да има лично обезбедување пишува Вест.
Пратеникот Зеќири вели дека идејата е државата на сите 123 пратеници да им обезбеди двајца телохранители, кои 24 часа ќе се грижат за нивната безбедност.