Играчките за Kиндер јајце се прават во Mакедонија


CNSPhoto-Schmidt-KinderЗа Киндер јајца на Фереро знаат сите. Но колку знаат дека дел од играчките што се ставаат во нив се произведуваат во Македонија, во компанијата Мактоис?

Бизнис Инфо разговараше со сопственикот на оваа фирма.

Сопственикот Русе Иљоски како повратник од Италија во 2006 одлучил да започне бизнис, добил информација дека Фереро ги произведува Киндер јајцата надвор од Италија и одлучиле да конкурираат. Но не било лесно.

kindersurprise-sm,, Македонија тогаш беше во период по конфликтот, па Фереро се држеше малку на растојание, во стилот “не интересира, но ќе видиме”. По нашата презентација поминаа добри пет години.

Во 2006 добив повик, ме викнаа на состанок и ми кажаа дека се посериозно заинтересирани. Во октомври истата година дојдовме заедно во Македонија, да видат што е и како е.

По 10 дена ни дадоа специјален водич по кој мораме да се држиме, нивни стандарди, правила на игра.

Сепак, ова се третира како исхрана, затоа што “жолчките” после доаѓаат во директен контакт со чоколадото.

ruse2-377x246

Конечно, на крајот на октомври ни дадоа зелено светло да почнеме со доопремување на објектот по нивни стандарди.  На 14 декември 2006 стартувавме со првите парчиња играчки.

Првата задача што ни ја дадоа беше за Нова Година да им испорачаме еден камион.

До март не држеа во неизвесност, но потоа потпишавме и до ден денес напредуваме во работата,, вели за Бизнис Инфо Русе Иљоски.

ruse8Фирмата денес има погон во Теарце, во кој има 150 вработени  и во Пехчево, каде што има 80 работници. Во Пехчево поголемиот дел од работата се сведува на пакување, се ставаат сите составни делови од играчките во “жолчките”.

Тоа се прави рачно, секое делче треба да си биде на свое место за да се затвори јајцето и да не се оштети играчката.

Бизнис инфо разговараше со извршниот директор на Мактоис, Русе Иљоски. Целото интервју на следниот Линк 

Извор – Бизнис инфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1