Ова се 8 финалисти за најдобар автомобил во Македонија


Во трка за 18-та круна Автомобил на годината во Македонија за 2013, по повеќето фази и филтри, согласно критериумите, националното жири ги избра финалитите. 

Со подеднакви шанси се: Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic.

733_AVNG2013-470

Националното жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија, составено од специјализирани автомобилски новинари, ги претстави финалистите кои се во најтесниот избор за 18-та ваква титула по ред. Кому ќе му припадне оваа блескава награда останува да дознаеме по последната фаза кога ќе бидат направени последните анализи и тестови на вкупноте осум кандидати. Токму во оваа последна фаза финалистите ќе добијат соодветни оценки според следниве критериуми:

-адекватност и понуда на домашниот пазар,

-економичност и еколошка прифатливост,

-безбедност и примена на технолошки достигнувања,

-возни својства,

-дизајн и комфор,

-опременост.

Кој од финалистите ќе освои најмногу гласови од членовите на жирито, ќе стане и носител на престижната титула. Тоа ќе биде познато во првата половина од идниот месец. Исто така, ќе се знае и кој ќе го понесе признанието за SUV на годината, кое ќе биде доделено на најистакнатиот претставник од оваа сé попопуларна категорија возила, како во светот, така и кај нас.

Годинешниот избор на автомобил на годината се одржува 18-ти пат, а досега оваа титула кај нас ја понеле: Fiat Bravo/Brava (1996); Renault Megane (1997); Opel Astra (1998); Škoda Octavia (1999); Fiat Punto (2000); Seat Leon (2001); Toyota Corolla (2002); Mazda6 (2003); Mazda3 (2004); Seat Altea (2005); Volkswagen Passat (2006); Opel Corsa (2007); Kia Cee’d (2008); Volkswagen Golf (2009); Opel Astra (2010); Hyundai ix35 (2011); Kia Rio (2012).

извор – Авто Плус

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1