Прва жртва на свински грип во Македонија – 3 се критично, едно 4 год девојче


За три дена се докажани уште 18 нови случаи на свински и на сезонски грип, или има вкупно 40 случаи на грип

infektivnaНа Инфективната клиника вчера попладне почина 62-годишен маж од Тетово со дијагноза на свински грип. Тој претходно имал неколку хронични заболувања и за нецел ден откако бил итно префрлен од тетовската болница, и покрај укажаната терапија, вирусот го усмрти.

Во животна опасност е и четиригодишно девојче од Скопје, кое е на интензивно лекување на Инфективната клиника. За три дена се докажани уште 18 нови случаи на свински и на сезонски грип, или има вкупно 40 случаи на грип.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1