На YouTube се појави кратко видео од протести во Ниш, а клучниот момент е прашањето од еден човек до водачот на демонстрацијата: „А каде е печатот?“ Снимката е прегледана над сто илјади пати.
Некогашниот градежен работник Зоран Петровиќ од Србија со само четири зборови стана ѕвезда на YouTube. Имено на еден работнички протест во Ниш, тој изненадно се појавува позади водачот на демонстрацијата кој на присутните им читал соопштение кое го потпишале „работниците на Ниш“. Зоран го ставвил прстот на соопштението и го изговорил магичното прашање: „А каде е печатот“, бидејќи без печат соопштението не е валидно.
Нервозниот водач веднаш му одговорил: „Работниците на Ниш, немаат печат, работниците на Ниш немаат права!“
Во меѓувреме на интернет се појавија и разни монтажни кадешто Петровиќ на некој му излегува позади грб и го прашува каде му е печатот. Една од тие видеа го прикажува и претстедателот на Србија, Томислав Николиќ.
Зоран сега вели што ќе ми е што сум славен и мојот лик е насекаде кога немам плата, немам пари.
Тој бара 27 плати и има намера да заработи од давање интервјуа.
,, цела оваа слава би ја менувал за да ми се дадат 27 те плати кој ми ги должи ГП Граџевинар,, вели Зоран.
И синот на Зоран од истата фирма е оштетен за 54 плати.