Научниците веруваат дека земјата била толку млада пред 300 милиони години, кога првите копнени животни еволуирале во диносаурси. Но, не можат да го објаснат најновото откритие во Русија, кога бил пронајден дел од менувач, машински дел во форма на запчаник, кој бил покриен со јаглен.
Дали овој аретефакт е правилно идентификуван, и доколку е кој би можел да го направи и за каква цел?
Според рускиот печат, жител на Владивосток, во близина на границата со Кина и Северна Кореја, по име Димитриј, неодамна забележал нешто чудно за парче јаглен, па го земал со цел да го стопли неговиот дом. Металниот дел кој бил притиснат во јагленот, Дмитриј го однел на Валери Бриер во приморскиот регион.
Првичниот преглед на чудниот објект довел до тоа да истражувачите да тврдат дека наликувал на запчаник и истиот бил создаден вештачки. Бил како дел кој често се користи при различни технички или електронски уреди како микроскопот и др.
Јагленот потекнува од черногорските рудници во регионот Кхаказис.
Руските медиуми објавија дека ваквите јаглени датираат од пред 300 милиони години, а експертите сугерираат дека ваквото чудно парче метал пронајдено во јагленот, мора да биде исто толку старо.
Кога геолозите го скршиле парчето јаглен во кое бил најден металниот предмет, откриле дека истото било составено од 98% алуминиум и само 2% магнезиум, што доведува до импликација истиот да биде вештачки креиран.