Околу 15.000 крокодили избегаа од една фарма за одгледување на овие животни во Јужна Африка, по поројни дождови и големи поплави.
Сопственикот на фармата изјави дека морал да ги отвори влезовите за да не дојде до уривање на фармата, што била поплавена од надојдените води на реката Лимпопо.
Во поплавите само во оваа провинција досега се загинати десет лица, соопшти јужноафриканската полиција.
Многу од избеганите крокодили биле вратени во фармата, но повеќе од половината се водат како загубени.
Фармерите тврдат дека најголем број од избеганите крокодили сега се кријат околу реката. Фармата важи за туристичка локација и сврталиште за странски и домашни туристи. Нејзината локација се наоѓа во близина на границата со Боцвана.