Во недела опозицијата ќе маршира од Веро 2 до МВР


protesti sdsm

Во недела, во 12 часот, опозицијата предводена од СДСМ ќе организира голем протестен марш по улиците на Скопје, со почеток пред пред маркетот Веро 2 во Тафталиџе. 

Маршот ќе заврши пред зградата на Министерството за внатрешни работи, институцијата во која, според опозицијата, се најголемите виновници за настаните од 24 декември.

„Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на маршот каде што заедно ќе го искажеме својот револт против недемократската Влада и ќе побараме враќање на демократијата во Македонија“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, на денешниот протест на мостот Гоце Делчев пред зградата на Владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1