Британија во шок: Тинејџери запалиле 10 годишно момче


Десетгодишно момче што си играло во парк во Јорк и било опкружено од група тинејџери, кои го испрскале со спреј па го запалиле.

BRITAIN-POLICE-UNREST10 годишниот Габриел се спасил тркалајќи се во снегот и така го изгасил огнот, но има сериозни изгореници на нозете.

 „Тинејџерите се задевале меѓу себе, па му пришле на мојот син, му ги испрскале нозете со некој спреј и го запалиле. Ова можело многу полошо да заврши – пламенот можел да го зафати цел и тој да изгори“ изјавил преплашениот Питер Висхарт, татко на момчето.

Полицијата трага по виновниците, а дури упатиле апел до продавниците да не им продаваат на децата запалки, дезодоранси, освежувачи за воздух и слични запаливи предмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1