11 годишно дете силувало 6 годишно девојче


11 годишно момче призна дека силувал шестгодишно девојче во близина на неговиот дом во Северен Велс. Момчето кое не може да биде именувано од правни причини, најпрвин ги негирал обвиненијата кога се појавил во судот, но по разговорот на судијата со неговите родители, адвокатот и лекарот, дошло до промена на исказот. 

article-2267709-1724453E000005DC-433_468x286Адвокатот на одбраната, Никола Џонс, изјавил дека по долгите разговори со неговиот лекар, кој го познава детето подолг период, станало јасно дека нема ништо медицински што можело да го предизвика ваквиот тип на однесување.
„Зборував со момчето и неговите родители и ги советував за последиците за промена на изјавата во виновен по сите обвиненија“, рекол Џонс.
Момчето било во присуство на неговиот татко и баба во моментот на сослушувањето.
Дводневното судење за во март засега според судијата е непотребно. Според него самото одлагање за подготовка на извештаите може да го направи ваквиот случај исклучително тежок.
На претходната распарава од наведените искази судот разбрал дека момчето го замолил девојчето да го придружува до езерцето за да гледаат во рибите. На тоа место го извршил сексуалниот чин, врз основа на обвинение за силување.
Потоа ја турнал во езерото, по што девојчето се вратило дома плачејќи и целата мокра и покриена со кал и раскажала на мајка си што се случило.
Судијата му дозволи на момчето условна слобода со кауција до следното рочиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1