Од српската Влада информираат дека за време на посетата, Дачиќ ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и ќе учестува на академијата по повод празникот Свети Сава.
Предвидено е Дачиќ утре вечер во салата на Македонската опреа и балет да се обрати на церемонијата на одбележување на Светосавската академија, додека министерот за правда и државна управа, Селаковиќ ќе одржи Беседа за Свети Сава.
Во понеделник, Дачиќ, со воени почести ќе биде пречекан во македонската влада, по што ќе одржи среба со неговиот македонски колега Груевски.