Детонатор пак дрма: Газди од Кочани и Штип, испрале 4,7 милиони евра


Полицијата осомничи уште тројца сопственици на штипски и кочански фирми во акцијата „Детонатор“, против кои поднесе кривични пријави за перење пари.

iznuda-novac-oruzje-hapsenje-beograd-sremska-mitrovica-1328585176-60332Криминалот на последните осомничени во големата полициска акција, која се одвива низ цела Македонија, тежи повеќе од 4,7 милиони евра – толку пари биле испрани за период од шест години. Полицијата ги осомничи кочанчаните, четириесетгодишен управител и сопственик на фирмата „Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани и управител на „ДПТУ Шери“ ДООЕЛ Кочани со иницијали Ѓ.И. Потоа И.Ѓ.(28), вработен во ДПТУ „Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани и Д.И.(35) управител и сопственик на „Бамис-Ес ЈТД Кочани.

Тројцата во периодот од 2006 до 2012 година во Тетово, Куманово, Кочани, Облешево, Македонска Каменица и Делчево во различни деловни простории нелегално поставиле 195 покер-апарати и 6 рулети и без дозвола за работа, си организирале игри на среќа. Газдите измамници го користеле логото на „Шери“, кое било регистрирано за послужување пијалаци, и избегнале да плаќаат давачки за организирање игри на среќа.

Со нелегалното работење на шесте деловни објекти, тројцата пријавени нелегално заработиле 291 милион денари или повеќе од 4,7 милиони евра.
Заработените пари ги трошеле за набавка на стока за фирмата „Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани или ги уплаќале во готово на жиро-сметката на истото правно лице и купувале девизи со кои им плаќале на странските набавувачи на кочанската фирма, тврди МВР.

Според полициските информации, со парите од нелегалното организирање игри на среќа осомничените си купиле стан во Скопје, 11 автомобили и деловен простор во Кочани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1