220 тони сол фрлени на улиците – апел од градот – исчистете си пред домовите


Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници и фрлија околу 220 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица.


sol snegГрадските екипи интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, информираат од Град Скопје.
– Булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје се чисти и проодни, а екипите на зимска служба ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот, нагласуваат од Градот.
Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1