Направете миризлива свеќа сами од мандарина и масло.
Вака ќе сте сигурни дека не е полна со хемикалии, прекрасно мириса, не чини ништо бидејќи корката од мандарините и онака би ја фрлиле. Трае од 30 мин до 1 час
Пред да ја излупите мандарината расечете ја кората на средина со нож.
Потоа внимателни извадете ја содржината – ова е лесно доколку полека ја отргнувате корката.
Внимавајте долниот дел треба да ви остане што поголем белиот дел кој е како врвка бидејќи тоа ви е фитилот.
Откако ќе добиете два ,, сада,, во оној каде е фитилот ставете масло.
Маслиново е подобро но тоа брзо се впива во самата кора па можеби е добро да додадете и малку обично масло за готвење. Потпалете го фитилот ( најдобро со кибрит или стапче бидејќи му треба неколку секунди за да почне да гори) и потоа уживајте во природната аромотерапија во вашиот дом.