Македонците го избраа .мкд за кириличен домен со кој ќе не знае светот


mkd domenГраѓаните на Република Македонија на страната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет со 73% го изгласаа кириличниот домен .мкд да не претставува на меѓународниот интернет простор.

Доменот беше одбран од граѓаните на интернет анкетата на страната на МАРнет, а гласањето траеше до 15 јануари 2013 година. Својот глас го дадоа вкупно 2.288 граѓани, од кои 73% гласаа за .мкд доменот, 14% за .мак доменот, додека 7% имаа желба доменот да биде .рм. Иако според нас можеби би било подобро доменот да биде .мк, во предложените домените немаше таков од необјаснети причини

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1