17 год момче од Скопје погодено од залутан куршум


kursumМинистерството за внатрешни работи информира дека во саботата, кога 17-годишниот Б.А. излегол од дома бил повреден од залутан куршум. Инцидентот се случил во 18.30 часот на булеварот Македонска-косовска ударна бригада во Скопје.
Момчето се здобило со телесна повреда во пределот на десното стопало. Веднаш му била укажана лекарска помош во градската болница “Свети Наум Охридски“. Од полиција велат дека се работи на расчистување на случајот.
Нет прес
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1