Грк почнува да го гради Офицерскиот дом и хотелот на плоштад


Грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас деновиве ги започна подготовките за изградба на Офицерскиот дом и хотелот на плоштадот Македонија, пишува порталот Билд.

Oficerski skopjeГрадежни работници го отстрануваат досегашното паркиралиште на Ј.П. „Градски паркинг“ и велосипедскиот пункт, а истовремено се оградува атрактивната парцела со површина од 6.308 метри квадратни.

Познатиот бизнисмен го купи земјиштето од државата во март 2011 година по цена од 38.478.800 денари односно околу 625 илјади евра. По купувањето на локацијата, инвеститорот вети дека ќе вложи помеѓу 30 и 50 милиони евра во двата објекти со планирана површина од 52.643 метри квадратни. Во ДУП Мал Ринг се зацртани маркички за двете зданија со приземје, 7 ката и поткровје и максимална висина од 29 метри, пишува Билд.

Неокласицизмот е архитектонскиот стил на хотелот, што однапред го избра Министерството за транспорт и врски. Тој ќе мора да има барем четири ѕвездички и да биде управуван или под франшиза на ланец од најмалку 250 хотели во светот. Грчкиот инвеститор ќе треба дел од Офицерскиот дом без надоместок да го отстапи во функција градската власт, кој ќе се употребува како резиденција на скопскиот градоначалник и во него ќе се смести и матичната служба, пишува порталот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1