Шведскиот министер за имиграција инсистира да се вратат визите за граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и БиХ.
Тобијас Билстром испратил писмо со кое инсистира да се вратат визи за овие земји при патување во ЕУ. Писмото го испратил до владите на 26 земји членки на ЕУ пренесува агенцијата FoNet.
Шведска исто така најавила и заострување на политиката за азилантите, за помош да добијат вистинските а не лажните азиланти.
Според Билстром Шведска доколку не се вовоедат визи за овие земји очекува во оваа година наплив на 54.000 лажни азиланти од кои меѓу 15.000 20.000 од Сирија а останатите од наведените земји. Доколку оваа бројка се исполни Шведска ќе има сериозен проблем со сместувачки капацитети за азилантите.
Тој истакнал дека е недозволиво да доаѓаат азиланти и како причина за азил да наведуваат невработеност и сиромаштија како што тоа го прават азиланите од овие земји. А сето ова ја чини Шведска многу бидејќи до одбивањето на барањето за азил земјата троши многу пари за лажните азиланти.