Чистач во школо во Куманово сакал да силува ученичка


Педесет и двегодишен хигиеничар од основно училиште во Куманово е уапсен откако вчера се обидел да силува малолетна ученичка.

силувањеСтанува збор за Л.М. кој е вработен како хигиеничар во училиштето Кочо Рацин во Куманово. Тој вчера околу 16 часот влегол во спортската сала во училиптето и повикал едно тринаесетгодишно девојче кое не вежбало на часот да дојде со него. Ученичката тргнала по него, а тој ја однел во канцелариите на наставниците по физичко воспитување.

Откако девојчето влегло во канцеларијата, хигиеничарот почнал да разговара со неа по што почнал да ја допира по телото.

Девојчето се исплашило од постапката и избезумено избегало од канцеларијата по што отишла право кај класниот раководител и го известила за целиот настан. Веднаш била повикана полиција која го привела вработениот хигиеничар и која работи на расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1