Заврши средбата Груевски – Тачи (Видео)


Eвроинтеграцијата треба да биде да биде приоритет за сите партии, се согласиле премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи на денешната средба во Владата.

taci-gruevskiНа средбата, како што изјави Тачи по нејзиното завршување, станало збор и за локалните избори. Лидерот на ДПА нагласил дека Владата е одговорна за одржување фер и демокрастки избори бидејќи располага со сите инструменти за да се овозможи тоа.

Тој додаде дека доколку ДПА ги победи ДУИ на локалните избори, макар со еден глас повеќе, ќе бара распишување на предвремени парламентарни избори.

Ова е прва формална средба на Груевски и Тачи, по пет години откако беше раскината двегодишната коалиција по парламентарните избори изборите во 2006 година

Video – A1on

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1