Ристовски бара најстроги казни за педофилите


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски побара најстрога казна за 28-годишниот скопјанец И.Г. обвинет за полов напад врз две девојчиња. Најстроги казни, според него, треба да добијат сите за кои низ судска постапка ќе се докаже дека се сторители на такво дело.

spiro-ristovski– Апелирам до сите надлежни институции и пред се до обвинителството и надлежните судови за секое докажано направено вакво кривично дело сексуална злоупотреба и педофилија да се изрече максимални казни за овие монструми. Само на таков начин ќе може да се подобри сликата и превентивно да делуваме во еден од сегментите во целокупната борба против злоупотребата на децата и педофилија, рече Ристовски.

Доколку судот го осуди педофилот истиот со фотографија и целосен идентитет ќе биде објавен на регистерот за педофили, кој Министерството го отвори за поголема превенција од овие кривични дела.

– Откако е отворен регистерот во него се додаваат нови сторители на ова грозоморно дело. Регистерот ја заврши својата работа. Зголемениот број на осудени педофили се должи на зголемената свесност кај граѓаните, дури и оние од најмладата популација дека ваквите лица треба да бидат јавно откриени и казнети според законот, истакна Ристовски.

МВР вчера информираше дека против 28-годишниот скопјанец И.Г е поднесена Кривична пријава за полов напад во обид врз малолетник. Тој е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Се сомничи дека во текот на ноември лани и во јануари годинава се обидел да изврши полов напад врз две деца на 10 и 11 години.

Осомничениот и е познат на полицијата по сторени кривични дела „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, „силување во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

MIA

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1