Собраќајна несреќа на патот Битола-Ниже Поле. Се истумбал иселеник од Австралија со лусузен автомобил „Ферари 360“ со англиски регистерски таблички, јави Канал 5.
Ферарито го возел 53 годишен државјанин на Австралија кој привремено престојувал во Битола. Според МВР возачот заради недржење страна и правец на движење, изгубил контрола врз автомобилот, по што излетал од патот и удрил во бандера.
Од ударот возилото се запалило, а возачот се здобил со тешки телесни повреди заради што е пренесен и задржан на лекување во битолската клиничка болница.