Рикардо Родригез, свештеник од Колумбија е уапсен на аеродром во Москва поради шверц на дрога. Според полицијата тој имал проголтано поголема количина презервативи полни со кокаин. Колумбискиот свештник бил блед и нервозен,а тоа ги разбудило сомнежите кај полицијата по што бил претресен и одведцен на ренген.
Откако ги виделе пакетчињата веднаш е однесен во болница. Од неговото тело извадени биле вкупно 13 пакетчиња дрога. Освен во себе тој дрога имал сокриено и во багажот – полицијата претпоставува дека неможел да ги проголта и останатите пакетчиња – околу 780 грама.
Свештеникот тврдел дека немал избор и бил присилен од мафијата да го изврши шверцот.
На колумбискиот свештеник му се заканува затворска казна од десет до петнаесет години.