Куќните љубимци кои излегуваат надвор и мачките без сопственик, се главна причина за смртта на птиците и малите цицачи во САД, а исто така се одговорни и за исчезнување на 3,7 милијарди птици и 20,7 милијарди други животни секоја година, тврдат истражувачите во студија објавена во вторникот.
Бездомните мачки се обвинуваат за повеќето мртви птици и цицачи, вели студијата „Влијание на дивите животни во САД“, oбјавен во интернет списанието „Nature Communications“
Ова е прва студија во која систематски се собирани и е анализирана грабежливоста на мачките. Според студијата, мачките предизвикуваат значително повисока смртност на дивиот свет, отколку што претходно се мислело и веројатно се најголемиот, а можеби и единствен извор на смртноста на птиците и цицачите поврзани со доаѓањето на човекот на територијата на САД.
Научниците од институтот „Смитсонијан“ и американската Канцеларија за „Риба и диви животни“, тврди дека повеќето птици кои се убиени од мачките во САД, без Аљаска и Хаваи, припаѓаат на автохтони видови.
Во погусто населените урбани области каде се поретки автохтоните диви животни, велат истражувањата, дека повеќето мачки, главно ловат неавтохтони стаорци.