Прво просење во вселената – Французин платил 5.000 евра за тоа


Французин (35) вистински маж кој ќе ја запроси својата девојка во вселената. Себастијан спектакуларното запросување го платил 4990 евра на специјаизирана француска компанија.

francuz-35-prvi-muskarac-koji-ce-zaprositi-djevojku-svemiru-slika-654855 Французинот е првиот човек кој што ќе ја запроси својата девојка во вселената. Фотографијата на среќната двојка и натписот „Ванеса сакаш ли да се омажиш за мене?“, на денот на вљубените св Валентин, 14 февруари ќе биде закачен на огромен балон исполнет со хелиум, кој потоа ќе биде пуштен да полета во небото. На балонот, ќе има видео опрема која ќе го снима запросувањето.

По два до три часа возење, на околу 30 километри надморска височина, балонот ќе пукне, и видео опремата ќе се врати на Земјата. Снимката ќе биде обработена и доставена на Себастијан, кој ќе ја подари на својата девојка. Себастијан сето ова го платил 4990 евра, на компанијата „ApoteoSurprise“, специјализирана за спектакуларни запросувања. Дали ќе му се исплатат парите, останува да се види.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1