Домашните мачки се родени убијци – убиваат милиони животни годишно (Видео)


Куќните љубимци кои излегуваат надвор и мачките без сопственик, се главна причина за смртта на птиците и малите цицачи во САД, а исто така се одговорни и за исчезнување на 3,7 милијарди птици и 20,7 милијарди други животни секоја година, тврдат истражувачите во студија објавена во вторникот.

evil-catБездомните мачки се обвинуваат за повеќето мртви птици и цицачи, вели студијата „Влијание на дивите животни во САД“, oбјавен во интернет списанието „Nature Communications“
Ова е прва студија во која систематски се собирани и е анализирана грабежливоста на мачките. Според студијата, мачките предизвикуваат значително повисока смртност на дивиот свет, отколку што претходно се мислело и веројатно се најголемиот, а можеби и единствен извор на смртноста на птиците и цицачите поврзани со доаѓањето на човекот на територијата на САД.
Научниците од институтот „Смитсонијан“ и американската Канцеларија за „Риба и диви животни“, тврди дека повеќето птици кои се убиени од мачките во САД, без Аљаска и Хаваи, припаѓаат на автохтони видови.
Во погусто населените урбани области каде се поретки автохтоните диви животни, велат истражувањата, дека повеќето мачки, главно ловат неавтохтони стаорци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1