Пронајдено 31 тело од патниците на траектот кој потона во Индискиот океан


Полицијата во Танзанија соопшти дека спасувачките екипи од немирните води спасиле 149 патници, од кои триесетина се странски туристи, но претупреди дека постои и мала можност да бидат пронајдени други преживеани лица од траектот „MV Skagit/Kalama“ кој тргна од пристаниште во Танзанија со 290 патници и членови на бродскиот екипаж.

Сепак, спасувачката акција продолжува и понатаму, но скоро и да е невозможно да се пронајдат други преживеани лица. Бродот целосно е потопен. На траектот имаше 290 патници, изјави портпаролот на занзибарската полиција Мохамед Мина за агенцијата АФП.

Траектот вчера попладне по локално време запловил кон Занзибар, а несреќата се случила поради силните ветрови.

Ова е втора ваква несреќа за помалку од една година.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1