Фрлена бомба во дворот на косовскиот командант на полицијата


На северот од Косово рано утрово се случиле три вооружени напади во кои за среќа нема повредени, јавува Танјуг.

Портпаролот на косовската полиција го потврдил случајот и изјавил дека истрагата е во тек. Тој истакнал дека непознати лица од огнено оружје околу 1 часот и 30 минути отвориле оган врз КЕП банка и во просториите во кои се наоѓа локалната радио станица, а половина час покасно нападната била и куќата на Драже Божовиќ, командант на косовската полиција во Зубин Поток.

За време на нападот во куќата покрај Драже биле неговата сопруга и братот, кои останале неповредени. Во куќата било пукано од огнено оружје, а во дворот била фрлена експлозивна направа, најверојатно рачна бомба.

– Во куќата беше пукано од огнено оружје, а во дворот беше фрлена експлозивна направа, верувам дека станува збор за рачна граната. Повредени нема, но е причинета материјална штета, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека за сега нема осомничени и дека истрагата се уште е во тек.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1