Романски авион на компанијата „Карпатер“ од типот АТП-72 синоќа излетал од пистата на аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим, по што шестмина патници се повредени.
Две лица заработиле посериозни повреди поради што се итно пренесени во болница, додека останатите имаат помали фрактури или нагмечувања. Ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Претставник на аеродромските власти информира дека причина за излетувањето на авионот бил силниот ветер што во тоа време дувал во реонот на аеродромот.
Во авионот, кој летал на релација Пиза-Рим, имало околу 50 патници и членови на екипажот.