Иранска нафтена платформа потона во водите на Персискиот залив за само неколку секунди. Причините за хаваријата се непознати.
На видео снимката што ја објавија иранските медиуми се гледаат десетина работници како стојат на платформата во моментот додека таа со голема брзина исчезнува во морето.
За среќа сите успеале да се спасат. Покрената е истарага за случајот, а официјален Иран побарал помош за вадење на потонатата платформа.