Јохан се враќа дома во март


Во март 2013 година, Јохан Тарчуловски ќе го напушти затворот во Германија каде моментално се наоѓа, пишува неделникот Република, пренесува Сител.

johan tarculovskiСпоред нив, Јохан Тарчуловски ќе отслужи две третини од казната која Хашкиот Трибунал ја одреди и ќе има услови за да се одобри барањето Јохан да биде пуштен дома и да го отслужи остатокот „условно“.

Тарчуловски стана актуелен за целиот Балкан како предмет на вербална војна помеѓу Србите и Хрватите откако Хашкиот Трибунал донесе одлука да се ослободат хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.

Со тоа уште еднаш се покажа историската мака на Македонците, да бидат само играчка на поголемите сили, а Хашкиот трибунал практично докажа дека се работи за комична институција која носи пристрасни одлуки или одлуки поттикнати од нечие силно лоби.

Македонскиот бранител беше уапсен за наводно убивање цивили во конфликтот во 2001, заедно со Љубе Бошковски кој во тоа време беше министер. Тарчуловски ја вршеше функцијата инспектор за придружба во службата за обезбедување на претседателот Борис Трајковски.

Бошковски беше ослободен набргу откако сведочеше против Тарчуловски, а овој помина речиси осум години во затвор, односно токму во март, се навршуваат осум години.

Јохан од тогаш стана икона на македонското патриотско движење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1