Олово во кармините – L’Оreal и Maybelline на удар (Видео)


Според „Вашингтон пост“, неодамнешните федерални анализи покажуваат дека 400 нијанси на популарните кармини, содржат траги од олово, нешто што само го влошува спорот меѓу регулаторите и поторшувачите активисти, за тоа колку оловото е штетно по здравјето на корисниците козметичките производи.


lipstick-leadПет кармини направени од страна на „L’Оreal“ и „Maybelline“ во сопственост на L’Oreal САД, се рангирани меѓу првите 10, од повеќето загадени производи во козметиката, според направените тестирања од страна на Прехрамбената и Лекарската администрација.
Во 2007 година, Кампањата за безбедна Козметика, тестираа 33 црвени кармини и во две третини од нив откриле дека постои олово. Во 2008 година, ваквата анализа била продлабочена и во опфат биле земени 400 кармини.

Халина Бреславец, главен научник на советот кој што ги анализирал ваквите кармини, поднеле петиција до агенцијата за ограничување на износот на олово во козметиката и побарале тој да биде ограничен на само 10 делови на милион.

Таа додала дека од FDA, оцениле дека оловото не било намрено ставено во карминот, или некој друг производ, туку дека истите, бои-адитиви, кои биле одобрени од FDA, биле минерали кои што содржеле одредено ниво на трага од олово, а не се до тој степен штетни за да го нарушат здравјето на корисниците и истите може да се најдат и во почвата, водата или воздухот.

red-lipstick-430a071008_4240511544
Просечното ниво на олово во 400 кармини, кои биле тестирани минатата година, изнесувало 1,11 делови на милион, што е многу блиску до просекот од анализата направена во 2008 година.
Од FDA е ангажирана приватна лабораторија која ги правела тестирањата, избрани врз основа на уделот на пазарот и матичната компанија.
„Ние не го сметаме оловото во кармините како проблем со безбедноста“, велат од FDA.
Сепак групата на федерални истражувачи наведува дека нема одредено безбедносно ниво на изложеност на оловото, кај децата и бремените жени.
Нерамномерната употреба на карминот во текот на денот, може да доведе до различна изложеност на оловото“, се вели во соопштението на работната група за Национала медицнска асоцјација

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1