,,Љифт не работает,, – Имаат 2 лифта а 28 год одат пешки до 7 кат


Станарите од седумкатницата на улицата Методија Андонов – Ченто 28 години одат пеш до своите станови. Иако имаат два лифта, тие не работат повеќе од четврт век, а станарите никако да се договорат да се поправат лифтовите. Cметката на ваквата неслога ја плаќаат половината станари, од повисоките катови. Некои со години се заробени во сопствените станови, пишува Дневник.

lift– Од 1985 година лифтовите на работат. С` што ми е потребно го пишувам на список од вечер, следниот ден зетот ми го купува и го носи. Имам болно срце, за симнување некако и ќе слезам, ама за качување, не бидува, па, така, отсечена сум од пријателките, од светот. Во една фамилија не може човек да се договори, а не тука триесет и кусур луѓе. Kако во затвор сум, ама како сама да сум се ставила – вели Ленче Илиева, која живее на највисокиот кат.

– Пронајдовме двајца инвеститори кои сакаа на покривот, кој е заеднички, да градат доградба, а за противуслуга да ни инсталираат нов лифт. Од 32 станари, 28 дадоа согласност, а четворица беа против. Заинтересираните си заминаа, а проблемите останаа – вели доскорешната претседателка на куќниот совет.

Извор – Дневник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1