Тинејџер направил нуклеарен реактор во гаражата (Видео/Фото)


0485007.73

Конрад Фарнсворт има само осуманесет години, недоволно за да гласа, но доволно за да направи нуклеарен реактор во гаражата на куќата на неговиот татко.

Реакторот е направен во Њукасл во САД. Можеби не е е доволно силен за истиот се користи за производство на енергија, но, Фарнсворт вели дека истиот може да се користи за производство на изотопи во борбата против ракот.

0486007.74Тинејџерот почнал да работи на проектот, кога имал само 16 години и во почетокот контактирал со членовите на меѓународното аматерско друштво на фузија.

За разлика од реакторите, кои работат на принципот на фисија, фузијата не произведува радиоактивен отпад и е дозволено да го има во куќата.
Нуклеарната фузија не смее да се меша со нуклеарната фисија.

0490007.74

Фисијата е процес на одвојување на јадрото, која ослободува големи количини на енергија, и функционира врз основа на мнозинството на нуклеарните централи.

Фузијата претставува спојување на повеќе атоми, по што се создава тешко јадро способно да отпушта или апсорбира енергија, во зависност од неговата маса. Сонцето создава енергија преку фузијата.
Само 60 луѓе во светот успеале да направат фузион реактор. Младиов научник сега работи на уште помоќен реактор.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1