Роботот – бионички човек ќе биде преставен на јавноста. За да сите се уверат колку е совршен ќе биде изложен во научниот музеј во Лондон.
Неговата изработка чинела милион долари, а овој робот има вештачки витални органи како слезина, бубрег, панкреас, како и крвоток кој функционира.
Во главата му е вградена и вештачка мрежница, па роботот може да ги види објектите пред себе.
Вградени му се и кохлеарни инпланти, се со цел да може да слушне што се случува околу него.
Исто така, и главата му е прикриена со вештачка кожа.
Роботот поседува и вештачка интелигенција, како и систем за говор, што му овозможува разбирање на едноставни реченици и одговарање на прашања.
Значи, овој робот може да оди и да зборува, а името му е Рекс.