Земјата пропаѓа во Пенсилванија – се отвориле 40 дупки за еден месец


Повеќе од 40 дупки се појавиле на места каде земјата едноставно почнала да пропаѓа.

 „Мислев дека доаѓа крај на светот“, изјавила Шери Луис (42), која неодамна изјави дека на 31 декември слушнала силен татнеж, кој и зазвучил како огномет. После таа ноќ се отвориле голем број на дупки низ целиот град со 50,000 жители. Друга жителка Шараун Дејвис, (33), изјави дека со нејзиното семејство се преселила во хотел, поради тоа што дупката која што се создала во близина на нејзиниот дом, правела куќата постојано да се тресе.

„Слушнав буквално како автопатот се скрши“, изјави таа. „Од тогаш моравме да го промениме комплетно нашиот начин на живење“, вели Дејвис.

article_2272278_174BE50C000005Властите во главниот град на државата Пенсилванија имаат џиновски проблем со решавањето, односно санирањето на дупките низ целиот град, поради неможноста, финансиски, да си дозволат да ги поправат. Дупките се широки околу 50 метри, а се длабоки речиси како типичен гроб.
Официјалните лица велат дека причината за настанувањето на ваквите дупки е миксот од песокливата почва и попуштањето на старите цевки под автопатиштата. Повторното асфалтирање би можео да доведе до опасност, градот да банкротира, се вели во извештаите на медиумите.
Првата од неодамнешните создадени дупки се случила на новогодишната ноќ, кога се создала длабока бездна, широка околу 50 метри, а длабока околу 8 метри, во Харисбург, што ги приморало тамошните жители на брза и ефикасна евакуација.
Овоа место претставувало едно од најсиромашните со многу мал буџет од страна на градските власти.

Со постојаното зголемување на дупките, од градот не беа во можност да го поправат истекувањето на отпадните токсични материи во Сасквехана реката, која излегува во Атланскиот Океан.
„Ние не можеме да направиме ништо во моментов, бидејќи никој нема да ни позајми пари со кои би ја поправие штетата“, изјавил Вилијам Клак, претстедателот на агенцијата во градот која е задолжена за расчистување на направениот неред.

article_2272278_174BE3ED000005Агенцијата која од претходно била во долгови, не била во можност да ги исполни обврските кои ги има пред граѓаните, односно поправките на мостовите, патиштата и тунелите.
Откако градсите власти го одбија спонзорствата од државата на финансиски план за реконструкција во јули 2011 година, Харисбург, буквално стана Грција на Пенсилванија.
Финансиските проблеми на градот произлегоа во делот од неуспешниот план да позајмат 350,000 долари за да го надопонат огромниот инцинератор. Тој план пропадна во 2010 година, откако федералната влада ги блокираше напорите поради заканата од токсично загадување на воздухот.

Стивен Рид, поранешен градоначалник од редовите на демократите, во Харисбург, го раководеше градот 28 години и го доведе речиси до банкрот, откако речиси повеќе од 500,000 милиони долари во обврзници, ги предвиде за да навлезе во финансирањето на развојни проекти кои што требаше да ја полнат испразнетата каса на градот. Сега речиси за поправка на сите дупки, 41 на број, градот ќе мора да одвои половина од буџетот кој го имаше во висина од 50 милиони долари.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1