Со книги и карти Грците ќе докажуваат дека Македонија била грчка


Преку книга насловена “Европска картографија и политика – случајот со Македонија”, Грците ќе се обидувале на светот да му докажуваат дека Македонија секогаш имала грчки карактер, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. Јужниот сосед смета дека оваа книга, напишана од грчки автори, ќе му претставувала значаен алат во како што велат – борбата за националните интереси на меѓународно ниво. 

g_slika-ilustracijaВо својот говор по овој повод, шефот на дипломатијата Димитрис Аврамопулос дури се пофали и дека оваа книга, која наводно случајно му паднала во раце на еден ден пред средбите на медијаторот Нимиц овде во Атина, му послужила како корисен алат кој наводно веднаш му станал драг на медијаторот.

Аврамопулос бил сигурен дека оваа книга во Соединетите Американски Држави ќе го обогатела како што вели – и така богатото познавање на оваа тема. 

“Ова е фасцинантна и добредојдена тема, бидејќи низ мапи читателот ќе го запознае текот на историјата на оваа географска област, која што од 7 век пне е наречена македонско кралство – применувана низ вековите, запознаена од многу луѓе и освојувачи, достигнувајќи ги нашите денови, таа секогаш го зачува својот грчки карактер”, тврди во својот говор шефот на грчката дипломатија. 

Аврамопулос вели дека од 1870 та почнала вистинска картографска војна, па во оваа војна на мапите, политичарите од како што вели  тој – “новоформираните” балкански држави, наводно се обидувале да наведуваат на погрешни заклучоци и да влијаат на географите од Западна Европа.

Аврамиопулос, тврди дека прашањето со името со Македонија останало нерешено поради наводниот неконтролиран национализам за кој наводно загрижени биле Европската Унија и Соединетите Американски Држави. 

извор: Нетпрес

НЕ Е САМО ИМЕТО – ГРЦИЈА САКА ДА НИ НАПРАВИ И ЛОБОТОМИЈА – И ПРЕЧЕЛЕ И КАРТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ПРЕД 100 ГОД
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1