Оние кои шт се загрижени за контроверзните политики за приватноста на Фејсбук, може да имаат уште една причина за загриженост. На социјалната мрежа, неодамна е создадена нова апликација на смарт телефоните, преку која може да се следи локацијата на корисниците, дури и кога апликацијата не работи.
Вакваата апликација треба да биде пуштена во март. Таа наводно има за цел да им помогне на корисниите да ги најдат во близина своите пријатели, откривајќи им ги нивните локации.
Но, за разлика од сегашните фејсбук мобилни апликации, со кои им се овозможува на корисниците да ги споделат информациите за својата локација, новата апликација, континуирано ќе ги следи корисниците откако еднаш програмата ќе биде активирана.
Апликацијата ќе ги следи корисниците и информациите ќе завршат во мобилниот оперативен систем во Аpple’s, дури и кога апликацијата ќе биде исклучена. Нејасно е дали апликацијата ќе работи и на други платформи.
Ова е техника најверојатно ќе бара од социјалниот сајт, да побара дозвола од корисниците. Но постои дупка – Фејсбук можеби веќе претходно има обезбедено дозвола од корисниците.
Ваквата апликација од Фејсбук може да се искористи да ви пренесе вас, или на вашите пријатели, работи за луѓе или настани кои што се случуваат на местото каде што се наоѓате, со цел да ги посетите доколку сте заинтересирани.
Таа не би требало да се разликува премногу од апликацијата на Apple’s „Find My Friends“ со цел да ја пронајдете локацијата на вашите пријатели или интереси, но кога за истата беше запрашан портпаролот на фејсбук, Дерик Маинс, тој одбил да коментира.
Фејсбук е веќе под оган од страна на САД и европските регулатори, кој тврдат дека не работат доволно за да ги задржат податоците на корсниците приватни.