Хорор во Индија: Најден Хрват со отсечена нога – се бара семејството


Полицијата 56 годишниот Хрват кој останал без нога и патните исправи го пронашле покрај пруга по што веднаш го пренеле во болницата Мумбаи во Индија. Пријателите во Хрватска се обидуваат да ги пронајдат неговите родители. Условите во болницата велат дека се катастрофални. Во преписките на друштвените мрежи, се дознало името на Хрватот, Марцел Копривиќ.

bolnica indijaТој со години не доаѓал во Хрватска, а сега едвај зборува и се наоѓа во полусвесна состојба. Министерството за надворешни работи е запознато со ваквиот настан. Од таму соопштуваат дека стапиле во контакт со официјалните лица во тамошната болница.
Копривиќ бил пронајден од тамошната полиција покрај пруга, а речиси целосно искрварел откако му била пресечена ногата.

Вели дека не се сеќава на премногу детали, но му се враќаат спомени од тоа дека дошол во Индија на одмор во 1995 година. Но, не можел никако да се сети како останал без ногата. Од полицијата се сомневаат дека најверојатно ја изгубил, откако низ него поминал воз, поради фактот што го пронашле покрај шините.
„Јас сум турист. Во Индија дојдов во 1995 година. Братот и неговата ќерка живеат во Хрватска. Неодамна ме ограбија група на разбојници. Ми ја украдоа торбата во која ми беа патните исправи“, изјавил Копривиќ за новинарите, дополнувајќи дека на одмор дошол и живеел во Палолем во Гои, а не се сеќава како се нашол во Рох или Мумбаија.
Во населбата во која рекол дека живее го познавале како Марсело. Потврдил дека таму престојувал пет години, но подолг период не живеел во таа населба, а за патните исправи, кои ги нема веќе неколку години, на тамошните служби им соопштил дека му биле загубени.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1